Зборот информатика за првпат се спомнува во Германија во 1957 година од страна на Карл Штајнбух. Информатиката ја има за основа математиката, електрониката, физиката и некои инженерски науки. Чарлс Бебиџ во 19 век измислил машина која земала податоци, ги обработувала, и на некој начин обработените податоци ги покажувала. Во тоа време тоа бил механички систем, додека денес сметачите се електронски. Еден од најголемите теоретичари на модерната информатика е англискиот математичар Алан Тјунинг. За време на втората светска војна работел на Енигма, машина која германската војска ја користела за шифрирање и дешифрирање на пораки. Тјунинг развил процес со кој сите пораки можеле да се дешифрираат. Во текот на тие истражувања настанала познатата Тјурингова машина
No comments:
Post a Comment